СЛАВНИ НА ГОЛЕМ ОДМОР ВО СКОПЈЕ

ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”

Ucenicite blesnaa vo popularnata emisijaВкупно 47 ученици од петто до деветто одделение од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” во најдобро светло го претставија училиштето на емисијата на МТВ, “Голем одмор”. Станаа славни по двамесечна  интензивна подготовка со кореографија и сценографија. Во популарната емисија од 60 минути во живо ги покажаа знаењата и вештините низ квиз, работилници, пеење, свирење, другаруваа и се забавуваа во опуштена атмосфера без трема. Отскокнуваа на квиозт по македонски јазик, тематски поврзан со празникот на револуционерната борба. Група од десетина ученици, како поп, кмет, ергени, селани и нивни сопруги, одговорија со драматизација “Дали жената треба да се тепа”. Ги покажаа способностите по физика со три ескперименти, примамливи за око, особено на Христијан за пенливото заспано чудовиште. Презентираа традиционални носии на повеќето ентикуми со изработени кукли од памук, текстил и украси, како дел од проектот за меѓуетничка интеграција. Гледачите ги оставија без зборови од многуте награди, дипломи и признанија на музичарот Арсениј Ангелески и врвниот математичар и единствениот со освоено место на олимпијада Ѓорѓи Коцески.

Заминаа од престолнината со песната “Земјо македонска” во инструментална придружба на наградени ученици.

– Без трема ја отсвирив на клавир “Маршот на џуџињата” – ги пренесе впечатоците Арсениј Ангелески, кој бил прв клавирист и на интернационален натпревар по клавир.

– Учениците се добри организатори и модератори. Покажаа трпеливост и дисциплина. Убаво е што нé гледаа надвор од локалната средина – вели Сања Конеска, одделенски наставник.

Презентацијата на државната ТВ е афирмација на училиштето.            

Loading