Се интензивира градбата на спортската сала во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”. До крајов на годинава, првпат во историјата, учениците ќе имаат можност да спортуваат и тренираат под покрив во модерна сала. Објектот ќе може да го користат ентузијасти и спортисти.
Градоначалникот Марјан Ристески најави промена на дограмата и други реконструкции. Мажно е наскоро да се реконструира старата зграда. В година ќе се уредува просторот меѓу ОУ “Рампо Левката” и СОУ “Кузман…”.
Во тек е градбата и на спортската сала во ОУ “Добре Јованоски”. Таа е една од седумте, предвидени со владината програма. И децата од ова училиште првпат ќе имаат комплетно нов спортски објект, кој ќе биде од поголемите, со трибини за гледачи. Изградбата чини околу 700 илјади евра, или двете 1,1 милиони евра.
Веќе се изградени во СОУ “…Ричко” и СОУ “Ѓорѓе Петров”, а за наредните неколку години се предвидена и за “Кире Гаврилоски”, “Кочо Рацин” и “Блаже Конески”.
Ристески најави дека од соработката со Лозана ќе се крене и спортска сала – балон.
Во ОУ “Кочо Рацин” се сменува дограмата. Претстои комплетна промена и на прозорците на првиот спрат. Променета во објектот на училиштето, заштитетен со закон, е специфична, сепак ќе ги задоволи стандардите за енергетска ефикасност и звучна изолација, но и за изгледот.
– Промената на дограмата претставува енергетска ефикасност, звучна изолација и подобар лик на училиштето. Ќе се подобрат условите за наставниците и учениците – рече директорот на ОУ “Кочо Рацин”, Петар Крагуески.
Околу 3.3 милиони денари се вложени во промената на прозорците. Претстои смена и на внатрешните врати.