ЛЕОНИД НА ЧЕЛО

ОУ “Гоце Делчев”

So diploma i zlaten medal, Leonid prv po stapkite na Krali MarkoЧетиринаесетгодишниот Леонид Вандевски од ОУ “Гоце Делчев” успеа да го пронајде патот до првото место на трката “Крали Марко Траил”. Тргнувајќи по стапките на Крали Марко, трчаше околу Марковите кули на патеката со надолнини и нагорнини низ камења и стени долга шест километри. Покрај ултрамаратонските категории од 16 и 64 километри, за помладите до 16 години, меѓу кои беше и Леонид, се организира и трка на шест километри со учество на околу 20 тркачи од разни градови и земји.

– Трчавме по означена патека со спуштања и нагорнини. Имавме мали потешкотии со навигациите. Две – три деца заскитаа надвор од патеката. Добро се снајдов и со мини – трка низ улички успеав да стигнам прв до финишот. Прекрасно е чувството да се биде дел од трка од ваков калибар. Дополнение на радоста секако е победата – вели Леонид Вандевски, кој е деветто одделение во ОУ “Гоце Делчев”.

Леонид веќе 2 години тренира атлетика во клубот Трети ноември. Учествувал на натпревари во различни дисциплини и категории, пионерски, младински. Неодамна постави нов личен рекорд на 600 метри, донесувајќи му го првото место на трката во Куманово во категорија до 17 години. 

Loading