“РАЃАЊЕ” НА ЕКОНОМСКИ

Se kreva fakultetski objektФотографијава е сликана во седумдесеттите  години  од минатиот век. Прикажан е социјалистичкиот стил на градба на Економскиот Факултет. Тој е наследник и продолжувач на богатата и креативна традиција на Вишата и подоцна Високата економска школа.

Соц-реализмот се отсликувал во архитектурата. Се препознавал по тоа што се избегнувала накитена фасада, туку се негувал стил на бетонски зданија со едноставна форма. Тешко дека врз бетонот ќе имало нешто друго. Но, како што минувале годините, се менувал и ликот на факултетот, па се додавале мермерни плочи со фигури кои асоцираат на економија и финансии.

Како и да изгледал, бил ценета институција од чии амфитеатри произлегле доста академски граѓани кои го афирмирале Прилеп и вон границите на СФРЈ. Факултетот постојано ги следи новостите во образованието и актуелните економски концепции, застапени во наставните планови и програми.

Денес факултетот има нов и модерен имиџ, како што доликува на високообразовна институција од овој калибар.   

Loading