НА ДВЕ ТРКАЛА ДО ПОЧИНКА

Fraeri na dve trkalaПред половина век, автомобилите биле реткост, а за ергените било срамота да се качат на коњ или магаре да стигнат некаде. Момите ќе ги гледале со презир, како реликвија од минатото, како да ги прегазило времето. Момците да не бидат демоде, решението го нашле во велосипедот, кој ем изгледал фраерски, ем бркал работа. Го бидувало и за низ чаршија, и за на корзо, и за на нива. Секој си имал башка распоред, ама во главно шемата била слична. Во петок и сабота ќе се шпацирале по корзото со “миленикот” и миленичката покрај себе, а неделата била за “бичење” по стрмнини и нагорнини со машко друштво. Можеби ќе паднела и некоја трка, на некој мал облог.

На фотографијава гледаме тројка велосипедисти, кои после мачното вртење на педалите, одмораат на некоја полјана. Ја одбрале убава и рамна, а и згора на сé, имало и бунарче со вода. Таман да се изладат, да ја избришат потта пред да тргнат за назад в град.

Loading