ЧОЧАНО БЕГОТ БОНЕЧКИ

Во Битола, под Бајрот, се роди.

Детинството го помина во незгоди.

Уште кога беше мал,

остана без родилтели, сам.

 

Кога порасти големо момче

се насели, за ќаа, во селото Бонче.

Приграби земја, ливади, шуми

ги присвои и околните друми.

 

По друмовите, друмари прати,

друмарина за да се плати.

Друмарина кој нема да плати,

можно е жив дома да не се врати.

 

Со гавази вооружани до заби,

од кладенецот Долник, Неда е граби,

е однесе во неговата кула

за да биди негова була.

 

Бончани нервоза ги фати,

Неда мора дома да се врати.

Танески Трајко од јанинската војна,

си донесе дома пушка бојна.

 

Трајко можи Неда да е спаси,

од нејзините сегашни маки.

Зад кула Трајко, до прозори се качи,

е гледа Неда, солзи рони и плачи.

 

Го виде и бегот, нанишани во него,

со првиот истрел го погоди в чело.

Истрелот негов се слушна в село.

Го изврши Трајко обетеното дело.

 

За рака Трајко, Неда е фати,

кај Марковци до порта е испрати.

Си отиде таа, право дома,

си остана Неда поштена мома.

 

Во Подмол, мудурот абер доби,

во Бонче војна се води.

За кратко време, мудурот во Бонче дојде,

целото село, во стрес го најде.

 

Бончани кај мудуро, давија направија,

за чочановата моментална расправија.

Ние сме христијански чеда,

не сакаме да се мешаме со друга вера.

 

Со пушката в раце, преку местото Балван,

кај Павлевци во Марул, Трајко се засолна,

со Толета Трајко во Лопатица се сретнаа,

и во Толевата чета, Трајко се одметна.

 

Валијата од Битола, пајтон прати,

Чочанот Бего во родното место да го врати.

Чочанот во Битола го сахранија,

во присуство на битолскио валија

 

Автор

Томе Велјаноски – Марулецо

од Гетеборг – Шведска

Loading