“Економско” мајсторство на рекетот и топчето

Во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” трчаат по знаење Антонио Стомнароски и Екатерина Багреска. Со учењето имаат необично хоби. Пинг – понгот е нивниот спореден “животен” повик. Вниманието им се свртено во играта на масата со рекети и мало бело топче. На државното првенство во Кавадарци, без умор во седум партии за еден ден, Екатерина освоила второ, а Антонио бил трет меѓу 45 учесници. На Багреска, пинг-понгот í е во гените. Брат í и татко í се “робови” на овој спорт. По нивните стапки, и таа засега собра 28 медали и пофалници од разни натпревари. Антонио видел сличности со фудбалот, кој му е главен спорт по удирањето на пинг-понгарското топче. Двајцата сметаат дека најважно е концентрацијата, талентот и редовното вежбање. Во импровизирани услови, усовршуваат сервис бекхенд и форхенд. Најтешко им оди со спин-бекхенд, што го тренираат и по два часа по два пати во неделата. Младите од четврти клас, кажуваат дека спортот не е атрактивен кај учениците. Нивните школски не покажуваат интерес. Не оди равој лесно. Затоа често се спаринг партнери.      Наизглед, пинг – понгот е спорт без поголемо финансиско оптоварување, но 150 евра се малку за професионалец. Потребни се скапи рекети и патики. Омилен играч им е Тимо Бол од Германија, оти бил единствен кој можел да ја запре кинеската фурија. Се токмат да го продолжат образованието на факултетот за физичка култура. Екатерина сака да го надградува пинг-понгот, а Антонио да оди меѓу фудбалерите. Меѓу учењето и спортот, Кате свири на акустична гитара, а Антонио ја гледа Долина на волците. Рекреираат и со кошаркарската топка.

Loading