Бил Гејтс од под Маркукуле

Во ОУ “Гоце Делчев” со шесто одделение започна малата Инес Лесновска. Тоа што ја поврзува со насловот е што од девет години го добила првиот компјутер и веднаш се интересирала за информатичките програми. Полна е со медали во домашните витрини. Освоила три регионални награди по информатика. Била и прва во земјава. Да ја освои наградата, смислила интерактивнен приказ на приказната за Црвенкапа, со кој го воодушевила жирито. Не за џабе е една од топ десетте ученици во Прилеп. Наместо таа да “бара” средно училиште, средните ја бараат неа. Интерес да ја доведат меѓу “своите деца” покажало приватното “Јахја Кемал” кое се смета за елитно. Заради талентот, и досегашниот развој веќе íнудат стипендија, ако продолжи да се образува таму. Тренира одбојка, одела на курс по германски јазик. Посетувала и курс за програмата Фотошоп. Директорот Каралиоски, низ смеа, вели дека одсега, таа ќе му ги средува табелите во Ексел. Одвај чека во следното одделение да почне да ги учи програмските јазици за компјутер. Во слободно време е со другарки или на Фејсбук, а многу сака да гледа филмови. Фокс Лајф без превод и е најдобар канал. Кога ќе порасне, сон í е да биде програмер. Веќе има бонус, сонот ќе истане јаве.

Loading