“Петте мускетари” од “Добре Јованоски”

Во ОУ “Добре Јованоски”, учителките и наставниците по македонски не можат да ги “зауздаат” инспирираните умови на децата. Жнеат успеси од натпреварите од секаков карактер. Му направиле прибежиште и го “вдомиле” македонскиот јазик, небаре афирматор. Малиот Кристијан Велески, љубовта кон животните ја преточил во пишан збор со текстот “Да се спаси живот, тоа многу значи”. Го “замајал” жирито на манифестацијата Месец на книгата. Го освоил второ место. Соученичката Ангела Павлеска од четврто одделение, освоила трето место со песната “За патронот”, лирски искажувајќи ја љубовта кон херојот Добре Јованоски. Во повозрасната група, осмоодделенката Антониела Мирческа се качила на второ место со расказот “Желбата на мајка ми”, кој има длабок социјален контекст. За песна, Тамара Ангелеска со творбата “Другарство”, го зграбила среброто. Малата Тамара Ангелеска од шесто одделение се триумфирала со расказот “Осаменост”, кој, интересно за нејзина возраст, има добра вредност со трагичен крај. Учителката Олгица Вељаноска ги фали учениците, затоа што во континуитет освојуваат награди. Со творбите ја воодушевувале од прво одделение. Сега тие деца се под менторство на наставничката Стојанка Димеска која ги насочува мислите во правилна насока. Наставничките ветуваат грсти награди. За денот на децата со посебни потреби, 3 декември, домаќините добиле прва и трета награда на литературната манифестација. Кристијан најмногу ги сака животните, па изгледа ќе биде “Доктор офболи”- ветеринар, како од напишаниот расказ. Има многу куќни миленичиња. Шарпланинецот Видра, загарот Меца, Самоједот Лиза, и други домашни животни, за кои учи да се грижи заедно со дедо му. Омилено хоби му е да игра на компјутер. Девојките уживаат во македонските народни приказни, ама се пронаоѓаат и во холивудските блок – бастери. Омилена актерка им е занесната Анџелина Џоли, па сакаат да бидат хуманитарни како неа.

Другарство

Дај му капка бистра вода

на човекот што од жед гори

нека биде чиста

како убавиот другарски збот

ќе ти биде благодарен,

другар ќе му бидеш.

Дај му на цветот утринска роса

да стане најубав

нека расте

пчели ќе долетуваат и одлетуваат

со него ќе другаруваат.

Оставете му ја песната

на славејот, тој најубаво ја пее

остави ја да другарува со пролетта

другарството вечно да трае.

Оставете ја играта на децата

ќе се радуваат, ќе играат

ќе другаруваат

другарство ќе негуваат

со него раснат,

во него веруваат.

Надица Макалоска 8-мо Б одд.

ООУ “Добре Јованоски” – Прилеп

Loading