Во карантин до следните избори

На локален план во градот под Марковите Кули од 2005 година, па се до наредните локални избори во 2013 г., со големи успесии резултати владее коалицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ и најдобриот градоначалник Марјан Ристески.

Во овие шест и пол години на власт со портокаловите, сакале или не, мора да признаеме дека се реализирани многу успешни проекти кои од еден “мртов” град, без идеи и резултати за миг Прилеп го направија лидер во државата по завршени проекти во сите сфери на животот.

За жал на опозиционите “СДСМ-овчиња”, кои само да потсетам дека имаа можност да се докажат од 2000 г. до март 2005 г., не им одговара еден ваков европски Прилеп.

По парламентарните избори излегоа како “мравки” и почнаа да одржуваат во повеќе наврати прес конференции со цел, ако можат, да го сменат политичкото мислење на прилепчани.

Но, резултатите се едно, а реалноста што сакаат да ја прикажат прилепските душегрижници, лоцирани на втори кат во поранешниот хотел Скопје, е друга работа. Тие подобро е да бидат мирни и да гледаат како се работи и постигнува резултати. Најдобро е да бидат во карантин и успешно да се подготват за следниот натпревар. А тоа се изборите во 2013 г. Им препорачувам да го поправат “скршениот” ретровизор и да видат што е постигнато во овие шест ипол години.

СДСМ – овските локални “шерифи” нагласија дека ЈКП “Водовод и канализација” (ВИК) ја продава многу “поскапо” водата на граѓаните. Небаре не знаат дека водата од изворот до Прилеп минува километри да стигне до славините. За одржување на километрите водоводна мрежа се потребни значителни финанскиски средства. ВИК не е трговско друштво, туку Јавно комунално претпријатие за обработка и дистрибуција на вода и одведување на отпадни води. ВИК редовно ја плаќа фактурата кон ЈП Студенчица.

Овде се поставува прашањето, како работеше СДСМ во нивниот мандат? Зошто не плаќаа редовно кон ЈП Студенчица и зошто му оставивија милиони долгови на градоначалникот Ристески. Дали СДСМ треба да му плаќа камати на крајните корисници?

На голема радост, сега со 150 вработени ВИК, работи максимално одговорно и совесно.

Дипл. Економист Рубинчо Јованоски

Loading