Помогнете му на производите да станат БРЕНД

Кога станува збор за бренд, обично се мисли на познатите светски марки како Coca Cola, Mc Donald’s, Nokia, Siemens, Ford, Facebook, Google. Сите биле некогаш мали фамилиjарни фирми, но со големи визии и полни со љубов и верба во своите производи и услуги. Лидерите – основачите биле визионери, луѓе подготвени да учат. Биле и отворени кон останатиот свет. Отвореноста значи еластичност и подготвеност за прилогодување кон промените во опкружението (културно, социолошко, економско, политичко), но, исто време, доследност и моќ на истрајување и задржување на основните предности и специфичности на брендот.

Дали секој производ или компанија може да се доведе до ниво на БРЕНД? Милиони производи се борат да испливаат од анонимноста и да се доближат барем до тој статус, да бидат посакувани, да бидат дел од секојдневието на пазарот. Постојат стотици илјади примери на милионски вложувања во промотивни кампањи и маркетинг комуникација, скапи маркетинг стратегии, но, за жал, многу неславно завршуваат, згаснуваат и пред да добијат шанса да ги вратат вложените средства во промотивните активности.

Не постои дефиниција или пишано правило за гарантиран пат до достигнување бренд на производот или компанијата. Како и во животот, не се доаѓа лесно до добрите нешта. За се треба да се создаде добра основа, подготовка и да се внесат многу емоции и љубов. Нужна е подготвеност за долга „борба„ истрајност и откажувања.

Брендот се гради одвнатре, зависи од секој (некогаш наизглед незначителен) елемент на работењето и политиките на компанијата. Сето тоа се одразува на перцепцијата за производот, која се креира кај купувачите.

Како купувачите го доживуваат, чувствуваат и запаметуваат брендот? Брендот се восприема преку сите пет сетила, подарени од природата: допир, вид, слух, вкус и мирис. Колку е поголема синергијата меѓу сите расположливи начини на восприемање на брендот преку сите сетила, толку е поголема конекцијата помеѓу испраќачот на сигнал (производителот) и примачот (купувачот) и шансата брендот да биде запаметен и посакуван.

Во современото живеење сме бомбардирани со милиони маркетинг пораки – преку реклами, постери, плакати, преку радио, телевизија, мобилни телефони, интернет реклами. Во овие услови „гласните„ пораки не обезбедуваат подобри шанси да бидат навистина слушнати. Ако пораките до потенцијалните купувачи допираат преку неколку сензори (најдобро е кога сите пет се активираат до одредена димензија) за чувство, имаат значително поголема шанса да допрат до нив. Научно е докажано дека овој модел функционира. Теоретски е јасно и звучи добро. Но, како во пракса да се примени мултисензорскиот модел и да се премине од дводимензионален свет во пет-димензионален амбиент. Ова зависи од видот на производот, но уште повеќе од креативноста на менаџерскиот тим и лицата кои ја креираат и имплементираат маркетинг стратегијата на компанијата.

Развивањето и примената да овој модел е можна само со добро познавање на брендот и разбивање на составните компоненти, од што е изграден производот, што стои назад, кои се двигателите на визуелниот концепт.

Доброто познавање на сензорските впечатоци на брендот и континиуираните активности обезбедуваат подобрување на конкурентската предност на производите. Креирањето на позитивен сензорски ефект се рефлектира, на создавањето на подобрена перцепција за брендот и придонесува кон јакнење или креирање на бренд.

Матија Сапунџиоска      експерт по маркетинг од Манчестер, Велика Британија

Loading