Асфалт до Мал Холивуд

Мал Холивуд, како што го викаат селото Штавица, конечно ќе добие асфалт. Општината ќе го асфалтира патот во должина од еден километар за поврзување со регионалниот пат Прилеп – Мариово. Асфалтирањето беше неопходно. Селото е атрактивно и автентично. Многу режисери пројавуваат интерес да снимаат филмови. Инвестираме 100 илјади евра – велат од општината. Изградбата на патот во селото со стотина жители е во рамките на реконструкцијата на регионалните и локалните патишта со пари од Европската банка за обнова и развој. Селото го доби името Мал Холивуд, откако режисерот Милчо Манчевски, во автентичниот предел ги снимаше филмовите “Пред дождот” и “Прашина”, а се снимаа и други филмови. Со програмата за реконструкција на регионални патишта општината ќе ги асфалтира патот од селото Селце до манастирот Св. Димитрија, до селото Дуње, од Клепач до Ерековци и од Беровци до Галичани. Вкупно ќе се одделат милион евра.

Loading