ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА ПРВИОТ КУПУВАЧ

Црн Бор започна со склучување на договори за 2012 година

Пензионерот Перо Неданоски е првиот купувач на огревно дрво кој склучи договор со ЈП Македонски шуми, подржница Црн бор за 2012 година. Јавното претпријатие го награди со гратис два метри просторни дрва. Откако Црн бор до 30 октомври заврши со испораката на огревното дрво за 2011г., веќе склучува договори за дабово и буково огревно дрво за идната грејна сезона. Физичките лица и пензионерите може да плаќаат до 30 септември 2012 г. Сите склучени договори до крајот на оваа година ќе бидат заштитетни од зголемување на цената. Цената со испорака на домашна адреса за дабот е 2626 ден. и за буковото 2546 ден. за метар просторен. Купувачите, ако го подигнат огревното дрво од складот, имаат попуст од 170 денари за метар просторен, а кои се наплаќаат за наш утовар и растовар и превоз до домашна адреса – вели Вера Јанческа, раководител на комерција во Црн бор. На плацот има околу четири илјади метри просторни квалитетно буково и дабово дрво.

Loading