Прилеп фален од Брисел за економичните светилки

На покана на комитетот на региони каде што членувааат голем број градови од ЕУ и земјите со кандидатски статус за влез во ЕУ како што е Македонија, во соработка со ЗЕЛС, градоначалникот Марјан Ристески учествуваше на собир за енергетска ефикасност и намалување на емисијата на ЦО2 во Брисел заедно со колегата од Битола, Владимир Талески. Меѓу повеќето градоначалници од европските земји се расправало да се подобри енергетската ефикасност со заштедата на енергија најмалку за 20 отсто до 2020 и за намалување на ЦО2 за 20 проценти. Прилеп има зацртано цели кои кореспондираат со градовите од ЕУ. Инсталирани се преку седум илјади економични светилки и се заштедени над 50 отсто струја во споредба со порано. Во соработка со ЕУ овозможивме донација од преку 450 илјади евра за комплетна промена на дограмата во сите основни и средни училишта и со тоа се направи огромна заштеда на енергија. Со размената на искуства, добивање на разни информации, ќе бидеме доста конкурентни за аплицирање на предпристапните ИПА фондови, наменети за енергетската ефикасност и за заштитата на животната средина – рече Марјан Ристески. Локалните власти имале средба во Прилеп со претставниците од Хабитат, американска невладина организација, која ја вклучи општината меѓу седумте за понуда на позајмици за енергетска ефикасност на колективен станбен простор, односно индивидуални згради. Цел е да се смени дограмата со современа, која ќе обезбеди енергетска и звучна изолација, а од друга страна, да ги заштитат ѕидовите на зградите со материјали што ќе обезбедат енергетска изолација. Тоа ќе предизвика заштеда на енергија за многу поволни услови.

Loading