Шах-мат од Мартин

Древната индиска игра на надмудрување на која битка водат на 64-те полиња пиуните, ловците и топовите… – шахот, не е сменета воопшто од појавувањето пред нашата ера. Играта на тактики е пасија на гимназијалецот Мартин Николовски. Тој се закити со прво место на државно државното превенство во Скопје во конкуренција на 20 учесници. Мартин ги надмудрил сите противници. Само со едно реми ја извојувал наградата. Не му е првпат. Изминативе три години не го “дава” врвот. Игра шах од осум години, пројавувајќи интерес за малите фигури на црнобелото “бојно” поле. Сега, во трет клас, е најдобар во земјава. Поради несоодветни, главно финансиски услови, не се натпреварува во странство, а сигурно и од таму не би се вратил “со празни раце”. Шахот е игра на стратегија и тактика – со еднакви сили да го победиш противникот. Внимателно се влечат потези. Се губи партија од неколку часа со една грешка. Не џабе уште се изучува како наставен предмет во републиките на поранешниот СССР. Сметаат дека ако е совладана мајсторијата на шахот, тоа може да се применува и на вистинско бојно поле, како офицер. И во шахот има две армии, а играчот е генерал – објаснува Николовски. Да се успее во шахот и да се добие титулата титула велемајстор, талентот не игра голема улога. Вежбањето, интересот и менторот се 99 проценти од успехот. Потребно е вежбање, читање литература и учење потезите од компјутерски симулации. На Мартин тоа му го овозможува менторот Ѕвонко Станојкоски во скромните услови на градскиот шаховски клуб. Иако порано имало пет клуба со традиција, бледнее интересот за шахот. Показател е идолот на Мартин, велемајсторот, ресенчанецот, Тони Најдоски, кој сега живее во Русија. “Со таблата и фугурите под мишка”, Мартин ќе оди на машинскиот или електро-техничкиот факултет. Талентот за комбинаторика, математика и варијабилност ќе ги поврзи со предметите на овие факултети. Кога не игра шах гледа филмувани крими – трилери со политичка заднина. Омилен филм му е Бегалец со Харисон Форд.

Loading