Елан во новиот директор Ацеска

Во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”

СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” се подмлади со нова директорка, Наталија Ацеска. На економското му беше потребна “свежа крв”. Пред Ацеска стојат многу предизвици. Таа покажува готовност да се фати во костец со проблемите. Магистар е за екологија, Досегашното искуство í е професор по биологија во СОУ “Орде Чопела”. Предизвик е да се менаџира образовна институција. Визија ми е училиштето да биде модерно и елитно со пријатни услови – вели Ацеска. Таа се стреми да создаде позитивна клима со демократски средства, а не со “автократија”. Менаџментот се надева на соработка со американската амбасада. Има искуство со апликации за проекти. О чекува и соработка со локалната самоуправа за подобрување на дограмата, училниците и паркот.

Loading