Без пракса како војник без пушка

Во СОУ “Ѓорче Петров” учат идни медицински сестри, козметичари и дрвопреработувачи. Покрај теоретската настава што ја “бубаат” од учебниците, следат пракса за доближување до својата професија. Теоријата е витален дел кај медицинарите и козметичарите, бидејќи без неа ќе бидат загубени во реалниот свет. Антигона Димеска ги води практичните вежби на идните медицински сестри. Под нејзиното будно око, 12 ученици вежбаат правилно местење кревет, изготвување на медицинска документација, до делење терапија на пациентот. Прво пробаат на кукла да не изложиуваат на ризици пациентите. Праксата ја изведуваат по пет саати во еден ден, а другите денови совладуваат теорија. Димеска појасни дека не треба да се изедначуваат болничарите со медицинските сестри, бидејќи разликата е во тоа што првите му пружаат нега на пациентот, а болничарите се задолжени за хигиената. Иборот на оваа струка обично е по инструкции на родителите. Тие сакаат да ги видат децата како идни доктори. Меѓутоа, искусната професорка вели дека 90 проценти го продолжуваат своето образование во немедицинска насока. Ама има ентузијазам за оваа благородна, а недоволно ценета професија кај младите. Машките се во малцинство. Практикантот Виктор Ордески, по “наредба” на родителите се запишал за медицинска сестра. Има амбиции да стане гинеколог. Девојките во хор изјавија дека одлично се дружат со машките колеги, ама доаѓа до некоја зафрканција на нивен грб за профилот – медицинска сестра. Сите ги гледаат сериите Вовед во Анатомија и Доктор Хаус, со надеж и дека и тие ќе бидат дел од здравстената машинерија по западен терк. Баш како на филмовите.

Loading