Бисер од “Шкољкице”

“Биди одлучен и ќе успееш. Биди одлучен и ќе бидеш награден. Биди одлучен и цел свет ќе те чуе”. Токму со овај наслов, песната на Фросина Вандевска го воодушеви жирито на меѓународниот детски фестивал “Шкољкице” во Нови Сад,. Осмоодделенката не се надевала на првото место, ама Србите ги оставила без зборови со својот глас. Без ментор и “навивачи”, без трема, единствената Македонка излегла на сцената во салата полна со публика и ја извела “Биди одлучен”. На фестивалот имало деца од Малта, Б и Х, Унгарија и Србија. Со сите одлично се сложувала, а фејсбук адресите ќе го продолжат пријателството создадено за само неколку дена. Со истата песна, која сама ја напишала, добила трето место на фестивалот “Ѕвездички”. Фросина од петто одделение го вежба гласот. Најпрво со хорската секција во ОУ “Гоце Делчев”, а од годинава со соло пеење. Надарената пеачка се подготвува за средно музичко во Битола, за соло пеење. Додека не пее вежба атлетика, ги слуша Ријана и Бијонсе и сонува да стане како нив.

Loading