Жиците на ОУ “Гоце Делчев”

Жнеат успеси мандолинските и гласните жици од музичката секција во ОУ “Гоце Делчев” наштимани од менторот Љупчо Мирчески. Љубовта кон музиката е главниот мотив. Страста се преточува во совршенство со вежбањето на инструменти. Точно 30 членови на оркестарот, раскажуваат музичка приказна, небаре еден. Затоа три години триумфираат на регионалните натпревари. За малку лани им “куртулило” првото место во државната конкуренција во Скопје. Мандолинскиот оркестар е еден од најстарите Со 35 годишното постоење гарантира квалитет, како одлежано вино. Професорот Мирчески вели дека кај децата има огромен ентузијазам. Покрај учеството на натпревари, воодушевуваат на свој терен, меѓу соучениците, на манифестации за патроните празници и смотрите. Со новите мандолини, секое дете свири на квалитетен инструмент – објаснува Мирчески, кој ја наследил љубовта кон музиката од педагозите по музичко, родителите Викторија и Славчо. Новина годинава ќе биде женскиот хор, кој гарантира дека и гласните и мандолинските жици ќе бидат усовршени за натамошни успеси.

Loading