Полиглот од седмо

Милена Чакмакоска е седмоодделенка во ОУ “Добре Јованоски”. Уште од сега знае што сака да биде кога ќе порасне. Одлична е по сите предмети, ама ако се даваше шестка по англиски, Милена ќе ја добиеше. Добра е и по германски, и по македонски, а српскиот го изучува, гледајќи серии и слушајќи музика. Отсега знае дека ќе продолжи во гимназија, па на филолошки факулет, и да се врати назад во училиште, ама како наставничка. Кога на едно поле си добар, на другите се подзатајува. На Милена í “задава главоболки” математиката. Со труд и помош од наставничката, сега е добра, и со агли и со хиперболи, проценти, синуси и косинуси. Како толку многу јазици да не се доволно за главата на Милена. Покажува интерес и за историја. Користејќи го англискиот за Википедија на компјутер, чита за Катерина Велика, Првата Светска Војна и друго. Во слободното време тренира одбојка. Час и половина вежба смеч – омилениот одбојкарски удар. Како секоја девојка од нејзина возраст, омилен сајт и е Фејсбук. “Троши” време, зборувајќи со другарките. Гледа и турски серии. Кога ќе “заглави” на некој англиски збор, “го вика напомош” Гугл транслејт, да продолжи без мака. Со овие предзнаења, Милена е “поткована” за усовршување на јазиците, па изгледа титулата наставник не í бега.

Loading