Прегратка против насилство

Глобалната иницијатива од УНИЦЕФ за “Училишта без насилство”, се спроведе преку младинското друштво “Инфофронт” со вклучување на граѓаните за запознавање и делење на едукативен материјал сред Чаршија. Педесетина деца, обележни со знакот “Слободно гушкање”, делеа прегратки и балони на повозрасните низ чаршијата. Многуте набљудувачи беа изненадени од идејата за ширење на толеранцијата и ненасилството. “Афроприлепчанката” Фиби Фелпс рече дека ужива во манифестациите поврзани со децата. Вториот дел беше “flash mob”, или спонтан танцов перформанс со музика од песната “Започни од себе”, снимена од Адријан Гаџа, Јана Мирческа и групата “Некст Тајм”. Иако прво со скептицизам, “публиката” сеирџиски ги гледаше танчерите, сепак завршија со поздравен аплауз. “Биди ти промената што сакаш да ја видиш”, беше мотото на собирот, со што на секое дете му се укажа дека може да направи промена кон подобро.

Loading