Мала сликарка “растура” без маана

Зад кревката и срамежлива надворешност на ученичката Бисера Галеска, четвртоодделенка од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”, се крие талент за сликање, вреден за почит и од академци. Таа е годинашен финалист на меѓународниот натпревар за млади сликари во Брисел, Белгија. Тоа не е непознаница за Бисера, бидејќи лани била една од 80-те финалисти во конкуренција на 40 илјади деца од светот. Темата била “Момче и девојче го прават светот подобар”, организирана од канцеларијата на ЕУ во Македонија. Тогашниот европратеник Ерван Фуере во Скопје ја пофалил Бисера на македонски. Црта од пет години. Сега “искусно растура” на сите натпревари во земјава и надвор. Последен пример е првата награда од списанието “Другарче” – велосипед, доделен од министерот за образование, а организатор бил австрискиот конзулат. “Штета”. Бисера повеќе сака ролери, ама тие биле за второнаградениот. Во иднина се гледа како уметник. Со мајка í, а и сама ги бара настаните да го искаже талентот преку интернет. Максимална поддршка има од учителката Роза Зазоска. Бисера е како “џокер”. Учествува на натпревари од сите “бранши”. Одлична математичарка е. Се натпреварувала на “Кенгур”. За македонски добива награди за личните творби, свири на флејта и разбира англиски одлично. Во слободно време гледа цртани филмови и слуша македонска народна, ама и забавна музика. Омилен “лик” í е Пинк Пантер.

Loading