“Не се прај Англичанец, ако не си”

Англискиот јазик е присутен секаде. Филмови, музика, реклами, серии, книги, списанија… Списокот е долг. Познавањето на овај глобален јазик е основа, посебно за амбициозните млади. Учениците од ОУ “Кочо Рацин” сериозно ја сфатиле потребата за совладување на англискиот. Под менторство на наставничката Сузана Темелкоска, 21 седмоодделенец отишле чекор напред и се усовршуваат во англиската секција. Иако, незадожително, учениците се вљубиле во јазикот. Привлечен им станал, поради интересната атмосфера, приредена од наставничката. Посетителите на секцијата учат од познати англиски учебници. Со “Хеадњаѕ” и “Флѕинг цолорс”, го дополнуваат знаењето од вокабуларот, граматиката, пишуваат и читаат. Никому не му претставува мака да слуша музика, да гледа филмови и да чита англиска литература, а да ги разбира. Иако јазикот е жива материја, дури и Оксфордскиот речник се дополнува со нови изрази и фрази, на учениците ништо не им “бега”. Имаат афинитети да ги следат и новините преку интернетот. Пишуваат есеи и одговараат на тестови. Не се подготвуваат за тестовите од дома воопшто. Преку текстовите се запознаваат со јазикот, но и со културата, историјата и политиката во Велика Британија. Велам Велика Британија затоа што овде го учиме британскиот англиски јазик. Американскиот англиски станува се поразличен од британскиот, па нема да биде чудо, ако за некоја година ќе треба преведувач за овие два јазика – вели Темелкоска. Таа исто така им поставува задача да подготват состав за познат британец со користење на интернет страници. На учениците, Википедија им е најдобар помошник. Зачудува фактот што учениците немаат никаков проблем ниту со спелувањето, ниту со граматиката, ниту со вокабуларот. Обично граматиката е “најслаба алка”, ама учениците знаат каде се удвојува буква, кое време да се примени и каде да се измени буква. Часовите се одвиваат исклучително на англиски јазик, и секој ученик течно говори англиски, па човек си мисли дека залутал во Лондон. Неколку добиле одлични резултати на тестирањето во Логос Оксфорд и на други места, а една ученичка дури го посетила Лондон, каде се снашла одлично со домаќините. Иднината ја гледаат меќу наставничките или преведувачите. Есеите и составите потврдуваат дека нема да имаат проблем со англискиот во понатамошното образование.

Loading