Лаври во Кавадарци

Давид Атанасоски, Менде Нелоски, Благојче Најдоски, Марина Иваноска и Даниел Стеваноски од музичкото училиште освоија прва награда на вториот меѓународен натпревар за камерна музика во Кавадарци. Учениците во класата на проф. Менде Ташкоски, кои свират народни инструменти, ја претставија народната музика и училиштето. Ги освоија симпатиите на жирито на меѓународниот натпревар, со изведбите на “ Ситна лиса”, ,”Одено оро” и “Русино оро”. Освоивме 99 поени. Горди сме што ја зедовме првата награда. Поттик е за натамошно залагање на учениците – вели професорот Ташкоски.

Loading