Прилепвуд

Се поголем е бројот на актерски и филмски ентузијасти, кои доаѓаат од места од каде најмалку се очекува. Еден од примерите се младите филмаџии од драмската секција од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”, и тоа од правната насока. Доан Сулејманоски и Симона Илиоска се “моторот” на сите секции. Од големата палета на награди се издвојуваат првото место за најдобар краток филм на образовното рандеву, организирано од асоцијацијата за млади МАССУМ во Гостивар. Наградениот краток филм “Занаетите и 21 век” е одличен склоп на музика, монтажа и приказна, кој, со траење од три минути ја фаќа сржта и ја доближува до публиката. За два дена, снимивме награден филм, комплетно направен од нас. Работевме сами од идејата, преку снимањето, монтирањето, сечењето на кадрите и презентацијата пред жирито во Гостивар – вели Сулејманоски. Додека конкуренцијата имала филмови со побанална содржина, нашите се зафатиле со посериозната тема на изумирањето на занаетите. Имавме доза на страв како ќе бидеме прифатени од занаетчиите, ама “падна” тремата. Покажаа расположение и подготвеност за соработка и ги кажаа животните приказни. Екипата од 11 ученици, поделена на три групи со различни задачи, снимаа на различни локации и целината беше одлична – кажа Доан, заблагодарувајќи се на невладината организација “Пет до 12”, која им помогнала околу техничките средства. За иднината, Доан размислува за правен, драмски или економски факултет, а Симона се двоуми меѓу правен и драмски, ама сака проба и на танцовата академија, бидејќи на срце и е хип-хоп перформансот. Афинитетите на двајцата за сцената, остава впечаток дека правниот факултет ќе биде крајна опција.

Loading