Правото за децата

Децата ги осознаат своите права со НВО “СЕГА” во проектот “Дете правобранител”. Седмоодделенката Наталија Трајкоска од ОУ “Рампо Левката” е прв правобранител. Била избрана меѓу 40 кандидати. Се запознала со основите и историјатот на функцијата на семинар во Охрид. Правобранителите се алка меѓу учениците и стручниот кадар во училиштето. Тоа е одговорна обврска, која се доделува на совесен човек со доверба и од кој се очекува помош. Функцијата досега беше непозната, бидејќи учениците не знаеја за што служи. Во Охрид бевме со моите двајца заменици и со психологот. Низ игра се запознавме со правата и обврските на децата и во училиштето и во семејството. Треба да сум пример за другите и да воочувам дали некој од учениците има некакви проблеми. Треба да бидам отворена за секој кој ќе ми пријде и во доверба да зборуваме. Сите треба да сме еднакви со правата и должностите, како мотото “Сонцето грее за сите исто” – вели Наталија.

Loading