Книгата не е мртва

Со појавата на електронските медиуми, се намалија читателите на книги во печатена форма. Е-книгите и екранизираните книги речиси ги заменија “старовремските”. Ама не во целост. Друго е чувството кога се чита книга и кога со имагинација се создаваат ликовите, а поуката остава длабоки бразди во мозокот. Доказ дека “нема зима” за старата добра печатена книга се младите библиотекари од основните учичилишта. Тамара Илиоска од ОУ “Добре Јованоски”, Деспина Јосифоска од “Блаже Конески” и Андреј Патоски од “Кочо Рацин” ќе ја продолжат традицијата на библиотекарството, бидејќи љубовта кон книгата им донела награди за млад библиотекар во Месецот на книгата на Градската библиотека. Првонаградената Тамара учествува на државниот натпревар за млади библиотекари во Струмица. Утре и задутре во библиотеката ќе се одржат избор на најдобар рецитатор и најдобра лична творба.

Loading