ЏИНОВСКИ СВЕТЛЕЧКИ ПОРАКИ ЗА СВЕТСКИ БРЕНДОВИ

Од Ивеко Дизајн

Ивеко Дизајн е фирма која изработува светлечки реклами во големи формати и тоа за познати брендови, изработуваат и тотеми со дигитални часовници за бензински пумпи и други институции и установи. Ориентирани се претежно надвор од градов. Повеќе во Битола, Охрид, Скопје, отколку во Прилеп. Располагаат со плотер за големи формати за церадни платна, билборди, светлосни реклами… Изработуваат реклами со должина од 10-12-14 метри на големи височини. Фирмата се занимава исклучиво со производство на реклами и рекламен материјал, светлосни реклами, печатење на текстил, на спортска опрема, испишување на церади, реклами за возила, визит карти и друго. Сопственикот Иван Конески се занимавал со цртање на реклами од 1976 г. Комплетна компјутерската подготовка и дизајнот, до изработката. Сé наше. Изработуваме светлосни реклами во различни форми кои ретко ги изработуваат во градов. Специфични сме и нема нешто што не може да се изработиме од плексиглас. Осветлувањето е наш фах, каде нема шанси да затаиме. Ги следиме сите новини. Бевме Софија на саем, исклучиво за реклами. Видовме новини кои ќе ги примениме – вели Конески. Располагаат со машина за печатење на билборди, работат со брендови – Кока Кола, за Синалко, АМЦ компјутери, Еуромедија, Васидора… Машината за изработка е многу квалитетна и ретка. Проширувањето на бизнисот го гледаат во изработка на светлосни реклами во поголеми формати. Имаме машини за гравирање, ЦНЦ машини. Печатиме реклами на секакви материјали, дури и гравираме чаши, приврзоци… Ако фирмата нема заштитен знак, ние го создаваме. Креираме и нови амблеми и логоа. Успешни сме, муштериите соработуваат, поради искуството и квалитетот, од прва рака. Умееме да го погодиме вкусот – вели Конески. Вообичаениот рекламен материјал, запалки, нотеси, наливи, го имаат на располагање преку целата година. Но, еуфоријата започнува пред Нова Година. Веќе има најави, некои постојани муштерии порачуваат пред време. Предновогодишните празници работиме турбо дење и ноќе. Фирмата, практично, е семеен бизнис во кој се вклучени и синовите – објаснува Конески. Помалку фирмите посветуваат внимание на рекламирањето, иако во Ивеко Дизајн имаат конкуретни цените, квалитетни материјали и опрема.

Loading