Меч в сабота

Победа јуниор

Победа јуниор наместо в недела, поради празникот Курбан Бајрам, дома ја чека тетовска Руфеја в сабота (13 ч.) на стадионот “Гоце Делчев”. Бодовите се важни за брза рехабилитација по поразот од 3-0 кај Локомотива во Скопје. Солидно прво и лошо второ полувреме во Скопје. По пропуштениот зицер на Зојчески, стаса казна од три гола. Утре одиме на триумф со подобра игра над Руфеја – вели Златко Петрески, тренерот. На табелата Победа ј. е деветта со 15 бода, Руфеја 15-та со осум. Пред нивниот дуел, има натпревар во 10, 45 часот од женската лига, помеѓу Победа и Истатов од Дојран.

Loading