Корзо вратен на врв

Трета и општински лиги

По само едно коло Корзо пак на врвот. Победи со Г. Коњари 2-0, а ремизираа 3-3 конкурентите Кожуф и Бабуна. В недела гостува на Кадино. Останати Трета лига: Младост – Партизан, Г. Коњари – Кожуф. Претходно: Борец – Младост 1-1, Партизан – Млекар 2-0. Табела: Корзо 22, Кожуф 21. В сабота (10 ч.) во А – Лигата дерби во Десово на водечките Гарван и Братство. Останати: Динамо – Козара, Чепигово – Боротино, Тризла – Обршани, Пролетер – Кадица. Претходно Братство – Пролетер 6-2, Кадица – Тополчани 4-6, Обршани – Чепигово 4-1, Боротино – Динамо 3-1, Козара – Гарван 2-4. Табела: Братство и Гарван по 15. Во Општинска Б (14 ч.) лидерот Слога е кај Беровци. Останати: Пелагонија – Прилеп сити, Варош – Илинден (10 ч.) и Канатларци – Клепач. Претходно: Слога – Варош 3-0, Прилеп сити – Клепач 7-1, Илинден – Канатларци 3-0 (сл.), Пелагонија – Беровци 1-1. Табела: Слога 21, Прилеп сити 17.

Loading