Два бода од Црна Гора

Ракомет: Втора првенствена победа на Жито Прилеп

Во Подгорица: Бисери – Жито Прилеп 21-31

Екипата на Жито Прилеп забележа втор првенствен триумф во Регионалната женска ракометна лига. Во меч од 6. коло на мини турнејата во Црна Гора, во Подгорица го совладаа составот на Бисери Плевља со 21-31 (11-16). Одлично одигравме. Пресуди поголемото искуство – сметаат во Жито Прилеп. Избраничките на Ристо Магдинчев не го потцениле младиот домаќин. Вложен е максимум и игра пожртвувана, каква се бараше. Пристапивме сериозно и водевме во првиот дел, рутински да го окончаме мечот – информираат од Жито Прилеп. Во победничките редови најпрецизни се бекот Ивана Петковска со осум и крилото – бек Тамара Стојановик со шест гола. Жито Прилеп синоќа очекувано загуби од гигантот Будуќност. Претходно, се одиграа два меча дома. Прво беше пораз 14-30 од Металург, а потоа 31-22 победа над Раднички Белград. Преостануваат заостанати дуели, дома со Заечар и на гости кај Јагодина. Треба да се одиграат до 15 ноември.

Што со трите отсутни?

На пријателската со Металург не се појавија Марија Когој и Андреа Кликовац и Ана Стојановиќ. Се шпекулираше за повреди, настинки, суспензии… Се очекува клубот да излезе со официјална информација. Во нивно отсуство се случија поместувања, Тамара Стојановиќ од крило на бек, Марија Серафимовска од пивот на бек.

Loading