Вредни и весели се основците од училиштето во Беровци. Иако учат во стар објект, а го чекаат новиот, без мака го совладуваат градивото и стекнуваат знаења. Учителките Билјана Костоска и Гордана Мирческа се гордеат со децата, оти се умни и надарени. Теодора, Габи, Пеце, Леонардо, Марио, Оливера, Фросе, Ромео, Филип… се дел од 22 ученици од прво до петто одделение. Научиле многу песнички, раскази. Знаењето го покажаа на приредбата за стартот на изградбата на новото училиште. Беа среќни и весели, што за кусо време ќе добијат нова училишна зграда. Ветија дека уште повеќе ќе учат, ама почесто на гости, да им доаѓаат родителите. Сите ги сакаат.