Крими филмови – магнет за тинејџерка

Во ОУ “Блаже Конески” учи Барбара Груеска. Таа има необични афинитети и интереси. Скромна и добро воспитана, нема предрасуди да се отвори и да каже што и лежи на срце, а што не. Осмоодделенката Барбара има страст кон англискиот и германскиот јазик. За “чудо”, интересни í се хемијата и математиката. Чуден спој на општествени и природни науки. Објаснува дека во секој предмети наоѓа посебен интерес. Следам Дискавери ченел. Во тек сум со модерната хемија, бидејќи со пронаоѓањето на честичката побрза од светлината би се променила досегашната слика за хемијата и животот воопшто – рече Груеска. Љубопитна е. Сака во “живо” да види нешто од тоа што гледа на ТВ. Гледајќи како детективите користат ДНК анализа, таа спонтано отишла кај наставничката по хемија да види од блиску како изгледа експеримент. Меѓутоа, друго е лакмусова хартија, а друго е анализа на ДНК. Иако хемијата и физиката се “рака под рака” како дисциплини, физиката не буди интерес кај Барбара. Веројатно затоа што нема допирни точки со идните определби. За разлика од повеќето врснички, нема интерес за турските, индиските и шпанските “сапуници”, туку си гледа Фокс крајм-канал, каде следи серии поврзани со криминал и сериозни животни драми. Можам да гледам крв и коски, ама во живо не ги поднесувам – вели Барбара, во која се наѕира следниот Доктор Хаус од сериите на Фокс крајм. Ужива и да чита, амачовек ќе се излаже, ако мисли дека девојче од 14 години го интересира поезија или романтична белетристика. Не ги остава крими-романите, авантурите и мистериите, зошто, тоа ја “влече”. Ниту во филмовите “вкусот” не í отскокнува од стилот. Мерака í се и хорор филмовите, трилери и драми. За романтичните комедии вели дека не се интересни, оти однапред се знае крајот. Сака филм кој ќе ја задржи “залепена” на екран. Омилен и е “Самрак”. Од четирите филма, гледала само два, оти прво сака да ја прочита книгата. Објаснувајќи ја содржината на филмот, човек би претрчал да го изнајми, бидејќи, како добар филмски критичар, знае што вреди да се гледа, а што не. Барбара сака да биде фармацевт или доктор.

Loading