Сака да се вивне како Каролина и Шакира

Теодора Георгиеска, ученик во ОУ “Рампо Левката”

Дарба за пеење има Теодора Георгиеска со 13 години. Учи во ОУ “Рампо Левката”. Осмо одделение е. Неодамна имаше “огненото крштевање” на фестивалот “Ѕвездички” со песната “Како во бајка” од авторот Борче Шабаноски. Вели убаво се забавувала, иако самостојно првпат настапила на сцената. Многу сакам да пеам. Настапувам во училишниот хор, ама првпат сама запеав. Немав трема. Убаво беше – вели Теодора. Идоли и се Каролина и Шакира. Сакам да пеам како нив. Одлични се – додава Теодора, која ќе продолжим да пее. Добро и одат и другите предмети во училиште. Потврда за тоа е што е одлична ученичка.

Loading