Дајте ни крилја

Состав

Во прекрасните предели, обвиткани со раскошна вегетација, таму каде што сонцето се капи во бистрите води на потоците, во булките од раззеленетите дрвја, како во крошна извезена од најубава цветна ткаенина, се служна плачот на штотуку родените гулабчиња. Вознесена од емоции помешани со возбуда и среќа, гулабицата весело погледна кон своите малечки. Гледајќи ги како слатко спијат во нејзината прегратка, забележа дека на малите и тенки крилца имаат огромни рани, од кои непрекинато тече крв. Обидувајќи се да им ги залечи раните, како пчела иташе што поскоро да ги нахрани, сакајќи што побргу да оздрават, за да можат заедно среќно да летаат над високите ридови. Нежни и меки како свила, со тажен поглед гледаа кон гулабицата, која се обидуваше да ја сокрие болката, пеејќи им весели мелодии на своите најмили. Насетувајќи ја оваа нивна вознемиреност и немоќ, безмилосниот орел лукаво ги демнееше од зад грмушките, чиниш секој миг ќе им скокне во гнездото и ќе ги распарталави нивните нежни крилја. Навидум овие грди пајчиња, како што обожаваа да ги нарекуваат некои немилосрдни грабливци, безуспешно се бореа со своите крилја да слетаат над бистрите поточиња, сакајќи да се напијат чиста изворска вода. Додека славејчињата ги пеат нивните омилени рефрени, искачени на гранките облечени во своите преубави костими, кои сјаеа како светилки на блескавото сонце, неможејќи да ја почуствуваат убавината од оваа прекрасна глетка, тажно се повлекоа во своето гнездо. Злобните натрапници, мислејќи дека овие мали и беспомошни суштества им се сигурен плен со кои на лесен начин ќе го заситат својот глад, всушност не знаеа дека во нивните вени тече вжештена лава, која ќе го изгори секој кој ќе успее да ги растажи, а нивното срце е камен кој неможе така лесно да се скрши, чекорејќи по шумите посеани со трнливи коприви. Со тивкиот црцор како да сакаа на безмилосните штетници да им порачаат, веќе да не се гушат во гневот и да ги урнат прозорците од презир и подсмев, за да може во нивните души да навлезе свеж и чист воздух.

Ивона Јованоска

Loading