Секој ученик е личност

ОУ “Гоце Делчев”

Во ОУ “Гоце Делчев” важи поговорка “Не оставаме човек зад себе”. Таму владее мотото “Секое дете е личност”, индивидуа за соработката од сите аспекти, не само од образовно воспитните. Сé функционира како едно – од наставниците, стручните служби, родителите. На високо ниво се и меѓусебните другарски односи на децата, но и релациите меѓу наставниците и директорот. Затоа секој ученик има целосна поддршка во развојот и истакнувањето на неговите таленти и идеи. Училиштето сврти нова страница во сите домени не само по промената на внатрешниот и надворешениот изглед. Секое дете има досие од кое се гледаат афинитети. Со тоа ги насочуваме во понатамошното образование – објаснуваат од стручната служба. Тимскиот дух и искреното пријателство меѓу наставниците и учениците се покажува и во клупите, а и на екскурзиите, каде нема “хиерархија” и сите заедно уживаат во дружбата. ОУ “Гоце Делчев” е единствено каде дел од децата имаат опремен целодневен престој, следен од квалификуван кадар.

Предавање за превенција од насилство

Децата беа слушатели на предавањето за превенција на насилното однесување. Бевме домаќини, оти немаме проблеми од ваков карактер – вели директорот Трајче Каралиоски.

Loading