Креатори и манекенки од СОУ “Ѓорче Петров”

Одамна е познато дека теоријата без пракса не е доволна за успех. Енциклопедиското знаење е само мал дел од решението на равенката. Тоа го знаат учениците од СОУ “Ѓорче Петров”. Поставија привлечна ревија на сопствени креации модели, небаре за Фасхион ТВ. Младите креатори, кои сонуваат да стасаат во близина на Версаче или Армани го демонстрираа стекнатото знаење од текстилната струка. Го преточија во гламурозна модна ревија, создавајќи конфекциски модели во соработка со конфекцијата “Кули”. Вредните и талентирани ученици претставија креации за модната писта. Имало и кореографија, во кој уживала публиката во ЦК Марко Цепенков. Манифестацијата ја организира училиштето, а “рака им пружиле” колегите од насоката лични услуги, кои ги дотерале фризурите и шминката на моделите.

Loading