Гран при за Хрватот Ијан Прелац

На 11 издание на ,, Ѕвездички,,

Гран при наградата на 11-тото издание на детскиот фестивал “Ѕвездички” ја доби Хрватот Ијан Прелац со композицијата “Не сме сами”. Впечаток со надарените гласови оставија останатите 20 ѕвездички од Македонија, Бугарија, Украина, Русија, Малта, Србија, Романија и Израел. Победник во првата категорија беше Ангела Тасиќ од Србија, а во втората прилепчанката Анастасија Шабаноска. Меѓу највозрасните до 14 години, победи Викторија Јеори, а на третото место се пласира нашата Фросина Вандеска. Забележителни беа Русинката Арина Ларионова, Украинката Алучана и нашата Теодора Георгиеска.

Loading