Медал за моделарот Димески

ОУ “Блаже Конески” е местото каде се образува надарениот осмоодделенец, авиомоделарот Бојан Димески. Покрај училишните обврски, наоѓа време за пасијата, за авионите во Клубот за воздухопловно моделарство. На аеро-митингот кај селото Мало Коњари, Бојан во конкуренција од повеќе моделари од Европа го освои второто место на Светскиот куп во воздухопловно моделарство. Во дисциплината Ф-1-А пред него беше само европскиот првак Славко Савиќ од Србија. Нашиот ентузијаст со зборови, кои би ги “разбрал ракетен научник”, објасни дека моделот бил целосна негова идеја, реализирана во Клубот. Димески смета дека би постигнал подобри резултати со повеќе средства. Со повеќе пари можам да изработам модел од карбонски цевки, кои се полесни и му даваат подобри перформанси на моделот – вели Димески. Клубот постигнува високи резултати, иако постојат поопремени, клубови во Скопје, Куманово, Битола и Велес. Аеромитингот се организира со самофинансирање, исто како што се финансира и клубот. Со скромниот буџет успева да се качи на врвот меѓу моделарите во земјава и да создаде вицешампион во Европа.

Loading