Дигитализација на архивските документи

Институт за старословенска култура

Институтот за старословенска култура почна со дигитализација на целокупните архивски документи. Со овој попис, се што се собирало ќе биде зачувано, но и достапно за пошироката јавност. Бидејќи хартијата може да изгоре, дискетите да се уништат, подготвиме посебни софтвери за сите одделенија поединечно. Првин ги дигитализиравме археолошките локалитети, следи дигитализација на документи и фотографии од историјата на уметност, и на крајот е етнологијата. Располагаме со многу фотографии од археолошки истражување, од фрескоживописи на цркви, архитектонски планови. Не само што ќе се зачува, непроценливото богатство ќе биде достапно за секого – вели д-р Ели Луческа, директор на Институтот. Архивската граѓа содржи илјадници документи, фотографии, сондажни истражувања со комплетно означување. Инаку, Институтот вторпат го организира меѓународниот научен симпозиум “Духовната и материјална култура во претхристијанскиот и христијанскиот период во Македонија”, заедно со Институтот за славистичка филологија при Универзитетот “Адам Мицкиевич” од Полска. Собирот отвори нови погледи за создавањето на културата на македонската почва низ интегрален и мултидисциплинарен пристап. На културната историја – духовна и материјална, треба да и се даде нов модалитет, кој во себе ќе вклучува потесна интеркултуралност околу концепцијата на прашањата и ставовите за нашата етногенеза, јазик, традиција. Религијата има значајно место во системот на вредности на националните култури – додава Луческа.

Loading