Соната на дождот

Наградената поема на Ангела Димеска

Дожд од мојот отворен прозорец,

солзи на твојата топла перница.

Јас и ти, патници низ времето

ги спознаваме двете, лица на љубовта.

 

Се освен чиста и верна љубов

е губење скапоцено време.

Немир во мојата душа се вгнездува,

студен бран од сите страни наидува.

 

Облаци темни, молњи силни,

ја тресат мојата нежна душа.

Пред големите порти на самотијата,

Бетовеновата петта симфонија

се слуша.

 

Те прашав: “дали сум во срцето твое?”

ти тивко рече: “во срцето и во мислите си мој”.

Од стакло и љубов исткаена

планета се скрши

Времето од злато истече

нашата приказна заврши.

 

Јас и ти по патека на солзи

чекориме сами,

Животот за нас пишува нови средби,

нови драми.

 

Дождот ги брише од моето срце

трагите твои,

Знам очи со љубовен сјај

ќе препознаам нови

Ангела Димеска ОУ “Добре Јованоски”

Loading