Прва во Охрид Ангела Димеска

Талентираната Ангела Димеска од ОУ “Добре Јованоски” успеа да освои прво место на фестивалот за детско творештво “Детски лирски треперења” во Охрид, организиран од Сојузот за грижа и воспитување на децата. Таа создаде поема, инспирирана од љубовта. Творбата на малата Ангела ги воодушеви писателите Стојан Тарапуза, Велко Неделков и Горјан Петрески. Ангела се дружела со 30-тина ученици од земјава. Ги посетивме црквата Св. Јован Канео и Плаошник, а дружбата со децата кои ги запознав нема да заврши со фестивалот. Стекнав пријателства и веќе контактираме преку Фејсбук – истакна Ангела. Наставничката Стојанка Димеска ги открива интелегентните и надарени деца низ грижата на македонскиот јазик и потикнувањето на пишување на поезија и проза. Првиот фестивал во Охрид има тенденција да се одржува секоја година.

Две Марии закитени со награди

Во Охрид награди добија и ученичките Марија Недеска од 8 одделение и Марија Николоска од 5 одделение од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”, во “дисциплината” недовршен расказ. На двете Марии најголем впечаток им оставил големиот логорски оган, запален на отворањето. Се забавувавме со учесниците и со постарите писатели, но мака ми што не се одржа забавата во диското – рече Недеска. Ментор на ученичките им била наставничката Габриела Стојаноска – Станоеска.

Loading