Пионерски беџови за првоодделенците

Децата во прво одделение кои првпат влегуваат во ученичките клупи и го откриваат светот ќе добијат беџови со што ќе станат членови на организацијата на децата УНИЦЕФ на ОН. Тие се “зафајќаат” со трка за знаење и стануваат активен дел на општеството. Заминаа “титовките”, нема веќе црвени марами и заклетва да не “застране од патот… “. Ќе станат дел од големото светско семејство на деца со сите свои права на приредба. Преку забава и игра, ќе ја сфатат суштината на “детството”, без да носат политички товар на своите мали раменици, каде ја носат само училишната чанта. Кога ќе порастат, сами ќе решаваат на кого ќе му се колнат. Дотогаш се само деца.

Loading