Промоција на книгата “Монотонија”

Вечерва во Библиотека

Романот “Монотонија” од авторот Бобан Богатиновски ќе биде промовиран вечерва од 19 часот во Библиотеката. За книгата ќе зборуваат Габриела Стојаноска – Станоеска и Трајче Крстески. “Монотонија” е роман исповед, во кој се потврдува Бахтиновиот став дека со самопресметката – исповед потребен е друг судија кој мора да заземе став спрема ученикот, но ученикот е оној кој суди.

Loading