Прв двоброј на Стремеж за 2011 година

Излезе првиот двоброј на списанието за литература, уметност и култура Стремеж за 2011 година. Објавени се есеи и критики од Диме Митрески и Маја Апостолоска, а писателите Бранко Цветкоски, Трајче Крстески и Виолета Мартиновска се осврнуваат на книгата “Чудесниот број 3” од Петар Петрески. Петрески пак е застапен со расказот “Слика”. На страниците е објавена поезија од Илов Гајтаноски и Катерина Батаклиева. Отпечатени се препеви и преводи од словенечкиот автор Павел Велковски, русинот Максим Замшев, англичаните Џудит Скилман и Патриција Прајм. Стремеж го издава ЦК “Марко Цепенков”.

Loading