Џиновско знаме на седум училишта за 11 Октомври

Годинешното одбележување на празникот 11 Октомври ќе се прослави со огромно македонско знаме со должина од 24 метри и широчина од 12 метри, создадено од учениците од сите основни училишта. Знамето ќе никне во предвечерието на празникот, на 10 октомври на плоштадот. Според директорот на ОУ “Кочо Рацин”, Пеце Крагуески, по два класа од секое основно училиште ќе состават македонско грандиозно џиновско знаме. Бајрактари ќе бидат највисоките осмоодделенци, еднакво полово застапени од секое основно училиште. На прославата ќе учествуваат сите училишта со балети, поетски читања… Манифестацијата ќе биде поддржана со средства на ИПАРД програмата за развој. Инаку, еве што знаат дел од учениците на ОУ “Кочо Рацин”за празникот на востанието на македонскиот народ.

Михаела – 6 одд. – Одиме в чаршија и гледаме огномет, затоа што пукнала првата пушка во Прилеп и Куманово.

Галена – 6 одд. – Се празнува првата пушка во Прилеп

Петар – 6 одд. – Војводите ја пукнале првата пушка да ги истераат Германците.

Loading