Камери во ОУ “Климент Охридски”

За пораст на безбедноста во ОУ “Климент Охридски” инсталиран е видео надзор, аларм и осветлување, децата да бидат сосема сигурни додека се на училиште. Паралелно, децата ќе следат предавање за опасностите што ги демнат од зависностите, особено дрогата. На вестите постојано слушаме црни хроники за прерано згаснат живот и семејства во црнило, заради ова зло наречено дрога. Младите се “бомбардирани” со филмови, во кои речиси да нема сцени со тинејџери кои пушат марихуана. Кадрите кај младите во развој предизвикуваат љубопитство. Дури и ги примамуваат да пробаат еднаш, двапати, па да им премине во навика. Постои опасност и да продолжат да експериментираат и да станат зависници, уништувајќи го сопствениот животен пат, но и на своите најмили. Да се сосече во корен оваа “чума” и да се живее без дрога потребна е соработка на целата заедница. Тука дејствуваат МВР и Министерството за образование, кои се обидуваат да ги научат основците за штетноста од користењето на дрогата со програмата “Не сакам дрога” – објасни Добре Талимџиоски, директорот на ОУ “Климент Охридски”. Но, не е доволно едно предавање годишно. Затоа наставничкиот кадар редовно се усовршува да биде во чекор со новите времиња и предизвици. Семинарите им го збогатуваат знаењето за пристап кон секој нов случај, кој би излегол во образовниот процес.

Loading