ЛИТЕРАТУРНИ ЧИТАЊА

Стартуваа учениците одморени под полна пареа и акумулирана летна енергија во нова трка по знаење во новата учебната година. Почнаа и ученичките активности. Првин со литературно читање во ОУ “Рампо Левката” за патрониот празник на училиштето, а потоа за патронатот на ОУ “Добре Јованоски”. Ученици од сите основни училишта се претставија со своите лични творби, а домаќините приредија богата програма. Изведуваа драмски точки, излегоа разиграни со балетски групи, некои ги промовираа гласовните можности во распеаните хорови, а други отсвирија класика на музичките иструменти. Дваесетина ученици се претставија како литерати со зборови преточени во песна или во состав. Значајни беа не само за нив чистите мисли, изразени со букви. Најдобри се покажаа учениците од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” кои се закитија со две награди. Без разлика на признанијата, сите беа задоволни од трудот и најавија продолжување на творечката работа на запишување на своите мисли.

Не смеам ли и јас да сакам

Не смеам ли и јас да сакам,

Некој му забранува,

вистинската љубов еднаш

ќе се почувствува,

а срцето тогаш се ранува…

И зошто те сретнав,

тогаш ли мораше,

зошто те сакам,

сега ли требаше,

и криво ми е што верував

во љубовта која

не постоеше…

Ме повреди премногу лагата твоја,

А ми велеше “ти си само мој”.

Бев скршен, но и храбар да те сакам,

А сега храброста каде е

Ја немам за да те заборавам.

Имавме една ѕвезда,

таа ни носеше среќа,

и за нас двајца сјаеше,

но ти си кривата,

да ја сочуваш не знаеше…

Таа ѕвезда ме тешеше кога страдав…

ти сега мислиш, но нема веќе назад…

Беше лек за секоја моја рана,

Но, не надевај се веќе надежта е закопана…

Од Илчо Лешникоски 8 одд. ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”

Loading