Фотка од Каракаш во Скопје

Изложба на фотографии на младинци од 42 земји во светот во Музејот на Македонија се отвори вчера во Скопје. Меѓу двете македонски фотографии е и делото на доскорешниот матурант, а сега студент на академијата ЕСРА, Кирил Каракаш. Неговата слика со “Карпи кај манастирот Трескавец” беше избрана на меѓународниот конкурс за фотографија од културното наследство, што се организира секоја година со учество на ученици од целиот свет, а во организација на музејските институции.