Трето место по прва помош

СОУ гимназија “Мирче Ацев”

Со победата на општинскиот натпревар по прва помош, каде гимназијата “Мирче Ацев” е фаворит со 16 по ред освоени први место, се отвори патот кон 20 – иот државен натпревар во Куманово пред една недела. Во конкуренција на 23 екипи, гимназијалците се поредија на третото место. Во полето на десиминација, покажаа добри познавања на теоретскиот дел од првата помош и освоија второ место. Учениците од гимназијата правилно ги санираа симулираните повреди за 10 минути, а оценките на комисија беа високи. Екипата ја сочинуваа Ивона Јованоска, Евгенија Трајкоска, Симона Трајческа, Теодора Попорданоска, Антонио Филипоски и Јане Џумеркоски. Ментор им беше професорот Гоце Ѓорѓиоски на кого му помогна Црвениот крст од Прилеп. Натпреварот имаше и забавен карактер со цел учесниците да се запознаат, да се дружат и да споделат искуства. На четири “работни места”, членовите санираа различни повреди – клиничка смрт, епилептичен напад, скршеници, пригмечени нозе, изгореници, задушувања, срцев удар и сл. Во последниве десет години екипата од “Мирче Ацев”се закитила со одличја за едно прво место на државен натпревар во 2002 година и учествувала на Европски натпревар во Прага. Гимназиските витрини се украсени со признанија за освоени три трети места на Државните натпревари.

Loading